Webiart Digital Marketing and Web Design

Пријавете се со вашиот тим за акцијата #Да засадиме иднина


TИМОТ КОЈ САДИ ЗАЕДНО, ОСТАНУВА ЗАЕДНО!
Мотивирај ги другарите или соработниците и дојдете сите заедно! Направи тим со уникатно име и дојди да се забавуваме и да садиме!


#Да Засадиме Иднина


Во следните 2 години најголема цел на Ротари клуб Битола Широк Сокак е да засадиме 100 000 садници на територија на Пелагонискиот регион. Со помош на сите добронамерни граѓани, приватниот и државниот сектор како и граѓанските организации ја подигнуваме свеста и чекориме кон засадување на нашата иднина. Го решаваме проблемот чекор по чекор, дрвце по дрвце, за чист воздух за здрав живот. Во претходниот период, меѓу 2010 и 2017 година, изгореле над 54 илјади хектари шума според податоците на Државниот завод за статистика. Со донација од 100 ден станувате дел од една поубава иднина за сите.


Ротари Клуб Широк Сокак Битола со поддршка на Општината Битола, по примерот на големите светски метрополи организира "Битолски Новогодишен Базар" на ден 27.12.2018 од 16:00 до 22:00 часот.
Пишуваме историја....
Бидете дел од првиот "Битолски Новогодишен Базар" . Ве очекуваме на еден поинаков "After work" со музика, на чаша варено вино или ароматичен чај со рум ! Нека биде празник за Нашата Битола со музика што ја храни душата, а дружбата го храни срцето..
"Битола Бабам Битола - Таму се живот живее таму се јаде и пие."

ИСТОРИЈАТ


2009

Ротари Клуб Широк Сокак Битола е формиран на 30.06.2009 година, брои 34 членови со возраст над 30 години.

2014

Ротаракт Клуб Широк Сокак Битола брои 20 членови на возраст од 18 до 30 години.

2018

Интеракт Клуб Широк Сокак Битолаброи 27 членови на возраст од 12 до 18 години.

ПРОЕКТИ

EnglishGermanMacedonian
Select your currency